Опожарено патничко возило „Форд ескорд“ во Визбегово

од Берта Китинска

Денес околу 01.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Визбегово настанал пожар во патничко возило „форд ескорд“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.А.(46).

„Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од полициската станица Чаир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Слични содржини