Опожарено возило гори на кружниот тек во скопско Влае. Од видеото што го добивме, може да се види дека возилото стои опожарено на тротоарот на булеварот „Партизански одреди“ во правец накај населбата Ѓорче Петров.
Се очекува да пристигнат екипи на Противпожарната бригада и полицијата.
Сè уште нема официјални информации за причината на пожарот и дали има повредени.
Видео: Локално