Опозициски совет на кооалиција, СДСМ и партнерите ја зацврстуваат соработката

од Даниел Ѓорѓиевски
40 прегледи
Опозицијата формираше Совет на коалиција која ќе работи на подобра координација и заедничко делување. Од СДСМ известуваат дека совет ќе гарантира ефикасност, брзо донесување одлуки и силна политичка синергија помеѓу коалициските партнери.

Актуелната политичка состојба и потреба од нов меѓукоалициски договор и потпишување на нова платформа за соработка, било тема на средбата на лидерот на СДСМ Венко Филипче со коалициските партнери, во седиштето на СДСМ.

“Заклучокот од средбата е дека власта за само девет месеци ги разочара граѓаните, го уништи животниот стандард и ги запре покачувањата на платите.Сите лидери посочија дека економската состојба драматично се влошува, а ВМРО-ДПМНЕ со лошите политики креира економска криза и инфлација која го јаде стандардот. Коалиционите партнери заклучија дека има целосен застој и блокада во евроинтеграции на државата, а последните одлуки во меѓународната политика покажуваат скршнување од стратешкиот курс што може да биде закана по стабилноста на земјата,, информираa од СДСМ.

Коалицијата предводена од СДСМ одлучи дека мора го зацврстува единството, да ја постави соработката на повисоко ниво и да покаже јасна подготвеност за сите идни политички предизвици, вклучително и за претстојните избори.

“Договорот кој ќе се потише наскоро ќе се потврди дека коалицијата останува стабилна, организирана и посветена на заштитата на националните интереси и обезбедување на политичка стабилност. На состанокот лидерите на партиите јасно ја истакнаа заложбата за демократските вредности, владеењето на правото и почитувањето на Уставот на Република Северна Македонија. Еден од клучните сегменти на договорот е јакнењето на националните интереси, што подразбира градење национален консензус за стратешки прашања, интензивирање на меѓународната соработка и унапредување на добрососедските односи. Коалицијата е цврсто определена за евроинтеграциите и продолжување на реформите потребни за членство во Европската Унија,, потенцираа од СДСМ.

,,Со оваа нова политичка динамика, коалицијата предводена од СДСМ се испраќа јасна порака дека е подготвена силно да се спротистави на лошите политики на власта.Оваа коалиција не само што гарантира стабилност, туку и претставува единствениот вистински избор за просперитет и напредок на сите граѓани” стои во соопштението на најголемата опозициска партија.

 

Слични содржини