Горко е чувството кога ке ве насанкаат, јас тоа го кажав, ама јас тоа го признав и се извинив истакна вечерва за Тв КЛАН Македонија премиерот Зоран Заев.
-Јас испратив пораки и се слушнав и со српскиот и косовскиот претседател. со Тачи и Вучиќ, и изразив жалење, вели Заев.
ЈАС во тие разговори, не кажав ништо надвор од онааа што е позиција на Македонија, а кон соседите , мислејќи дека разговарам со претседателот Порошенко, само сакав да помогнам. Но сепак треба да се знае , тоа е сепак нивен проблем и билатерално треба да си го решат. Ние како соседи сме тука само за да помогнеме.

Македонската опозиција вели државни тајни, оставки, незнаат што бараат , нема тука никакви тајни туку наша чиста позиција која јас и официјално и јавно постојано го зборувам. Во оваа случка нема мешање на официјална Москва, тоа го заклучив од разговорот со рускиот амбасадор, изјави во вечерашното интервју Зоран Заев за Тв Клан Македонија.
Познат сум како човек кој ги реши проблемите со соседите, направивме една инклузија овде дома.
Граѓаните да бидат сигурни и спокојни, Северна Македонија станува членка на НАТО, нема менување граници, имаме траен мир.
Зборувам дека сите треба да влеземе во Европа.
Нашиот народ стои позади одлуката за членство во НАТО, ние политичарите сме должни тоа да го испорачаме