„Опозицијата ја блокира говорницата“: Продолжува тензичната атмосфера на комисиските расправи

од Берта Китинска

Опозицијата со процедурални забелешки и паузи бараше да се тргне Законот за парнична постапка од Комсиијата за европски прашања. На моменти атмосферата стануваше и тензична.

Кога потпретседателката на Комисијата, Арта Биљали-Зендели го повика на собраниската говорница претставникот на предлагачот, државниот секретар во Министерството за правда Мухамед Точи да го образложи законското решение, пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа на говорница и не го оставија да зборува. На говорницата цело време стоеше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска и по дадената пауза од 10 минути од потпретседателката на Комисијата. Ласовска полемизираше со Биљали-Зендели околу тоа по кој член се повикува дека пратеник, член и заменик на член на Комисија дека нема право на збор.

Потпретседателката ја прекина денешната седница, откако Ласовска не ја ослободуваше говорницата, барајќи да и цитира член според кој пратеник на друг пратеник може да му одземе збор.

Заменик координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова истакна дека жали што на попладневниот дел од седницата не присуствува претседателот на Комисијата Арбер Адеми, бидејќи, како што рече, очекува одговор околу толкувањето на Деловникот во делот каде што се дава процедурално да се пријави член, заменик член на оваа Комисија или друг заинтересиран пратеник.

– Нашите главни забелешки за продолжувањето на оваа Комисија ги покажавме на почетокот на седницата и остануваме да се држиме на истите забелешки: ненавременото закажување на оваа комисија, се прегледуваат точки од дневен ред кој што е усвоен на сила, ставени се предлог на закони на кои што не им е местото во Комисијата за европски прашања. За вакви законски решенија мора да има поголема расправа и дискусија со стручни лица од засегнатите страни, да бидат вклучени судии, нотари, адвокати, извршители итн., но и дебата помеѓу политичките партии со цел да се спречи еднострано предложување на ова законско решение, рече Панова.

Слични содржини