Опозицијата ја подготви интерпелација на Владата – гласање во вторник

од Vladimir Zorba

Економски неуспеси, неисполнети ветувања, селективна правда и корупција – ова според интерпелацијата што пратениcите на ВМРО-ДПМНЕ ја потпишаа денска, ќе бидат главните аргументи со кои како што велат ќе го разобличат штетното владеење на Зоран Заев и неговиот кабинет по нецела година, но и ќе се обидат да ги убедат колегите од законодавниот дом, да дадат поддршка. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за тв 24 вели дека имаат многу аргументи зошто колегите од собранието треба да ги поддржат.

„Се однесуваат на катастрофалната работа на оваа влада во сите сегменти, најмногу на економскиот дел, на политишкиот терор, на пропустите во работата во сите министерства.“, вели Драган Данев – координатор на ПГ на ВМРО ДПМНЕ, пишува 24 вести.

Слични содржини