305
Претседателот на Косово Хашим Тачи треба да поднесе оставка или да биде ослободен од функцијата, изјави лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти за телевизијата Топ канал.
– Тачи треба да поднесе оставка или да биде ослободен. Тој треба самиот да го сфати тоа и да поднесе оставка, рече Курти.
Според него, во Косово има многу политичари кои разговараат за размена на територии, „откажувајќи се од северот“, но Албанците „не сакаат да ја дадат Митровица заради свое национално обединување“.
– Не се откажуваме од обединување, не сме го смениле концептот, но го сменивме начинот и стратегијата, направивме политичка сметка, рече Курти.