Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за денес најави седница на Извршниот комитет на партијата на која ќе се разгледаат следните чекори што ќе ги преземат.
Партијата останува на ставот да се блокираат сите закони кои сметаат дека се штетни.
– Ова е стратегија што многу ќе трае. Нема да биде инстант акција која што ќе заврши денеска или утре. Не очекувам дека луѓето туку така ќе ја напуштат фотелјата, изјави Мицкоски во саботата.
Денеска ќе има седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кој што највисокото раководство на партијата ќе ја анализира оваа недела дена блокада досегашна и кои би биле следните чекори, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
-Ние го блокираме Собранието од вторникот значи четири работни дена. Во само четири работни дена успеавме да постигнеме две цели, прво во Собранието освен што се усвои Дневен ред за една седница ниеден закон не е изгласан, а успеавме и да спречиме едно многу штетно т.н. автентично толкување со кое што требаше да се дозволи втор оператор за игри на среќа, и онака државава има проблем со коцкањето условно кажано замислете да се отвори и втор оператор во интерес еве ќе бидам директен коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ. И второ кое што успеавме да го постигнеме е да се крене јасноста и свесноста на ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ. А, јас се уште се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе смогнат сили од Влааста дека премиерот од СДСМ ќе се јави и ќе закаже лидерска средба на која што ќе разговараме за датум за предвремени парламентарни избори и за четирите тима во четирите клучни области, финансии, економија, образование и проблемите со Бугарија, да ги составиме тие тимови кажа Николоски.
Од вторникот, опозицијата почна со активна блокада на Собранието која најави дека ќе трае сè до постигнување договор за датум за предвремени парламентарни избори. Одлуката беше донесена на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 4 мај, а поздразбира, како што најавија од партијата, „попречување на штетните закони и политики“.