Опозициските партии поднесоа над 3.000 амандамни со кои и се спротиствија на власта за измените на собранискиот деловник, кои предвидуваат пратениците кои се во изолација или заразени со корона да се вклучуваат онлајн.
Според опозицијата потребен е консензус преку Жан Моне дијалогот кој предвидува преговори за деловнички прашања, во спротивно велат ќе има злоупотреби на системот во период кога се гласаат важни закони.
„Ние ќе ги користиме сите возможни политички модалитети и ресурси на наше располагање да се спротивставиме на овој процес кој што има обид на сила да се донесе, спротивно на Уставот и не овозможува дијалог во Собранието.“,изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачкото мнозинство велат дека решението што го предлага претседателот на Собранието Талат Џафери е добро со оглед на состојбите со коронавирусот.