Стотици приврзаници на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ги пробија металните барикади околу Капитол во Вашингтон, минувајќи покрај обезбедувањето и рушејќи ги оградите.
Полицијата соопшти дека околу 10 лица биле уапсени, а две згради биле евакуирани, вклучително и Библиотеката на Конгресот. На бројните конгресмени и други вработени во кампусот Капитол им беше кажано да ги напуштат своите простории.
На социјалните мрежи беше објавено видео од судирот меѓу приврзаниците на Доналд Трамп и полицијата.
CHAOS: Arrests being made as Trump supporters try to storm the US Capitol
Video via @Julio_Rosas11
— Breaking911 (@Breaking911) January 6, 2021
„Поддржувачите на Трамп се судрија со полицијата на скалите во Капитол додека Конгресот ги брои гласачките ливчиња внатре“, коментира американскиот новинар Филип Луис.
„Поддржувачите на Трамп срушија четири слоја на безбедносната ограда и се обидуваат да влезат во зградата на Капитол. Ова е најлудата работа што сум ја видел во животот. Илјадници демонстранти, полицијата не може да ги спречи“, напиша репортерот Илија Шефер, коментирајќи ја моменталната состојба во Вашингтон.
Whoa: Trump supporters going at it with the police on the steps of the Capitol as Congress counts the Electoral College ballots inside pic.twitter.com/LiQhaa5KkQ
— philip lewis (@Phil_Lewis_) January 6, 2021
Претходно денес, Трамп се појави пред илјадници приврзаници во Вашингтон и понатаму не признавајќи ги изборните резултати и победата на Џо Бајден.
Илјадници приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и членови на екстремно десничарски групи, се собраа денеска во Вашингтон да протестираат пред седницата на Конгресот на која треба да се потврди победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори на 3 ноември.