Општина Чашка врати околу 80 проценти од долгот

од desk2
125 прегледи

Градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски во изјава за МИА вели дека долгот на локалната самоуправа што го затекнал на 7 ноември 2017 година при ставувањето на должност, во изминатиов период е намален за речиси 80 проценти или од вкупно 15 милиони и 340 илјади денари вратени се 12 милиони и 340 илјади денари.


– Сметам дека во периодот што следи со ратата која треба да ја исплатиме во август по основ на кредитот што е земен пред четири години, од септември годинава ќе можеме како општина да функционираме беспрекорно, а тоа ќе значи да дојдеме само на месечните трошоци на општината. Со тоа ќе бидеме ликвидни за да функционираме, најави Стојановски.

Градоначалникот воедно информира дека во изминатите месеци од кога е на функцијата работел на санирање на возниот парк во општината и ги регистрирале возилата кои биле запоставени и ја средиле општинската зграда каде бил набавен нов инвентар и нова компјутерска опрема за вработените, а моментално се работи на повеќе проекти за подобар живот на жителите во општина Чашка.