Општина Дебар ги менува имињата на улиците и плоштадите со согласност од Владата

од Nikola Popovski
376 прегледи

Владата ја одобри предлог-листата на градот Дебар и дала согласност за списокот на нови имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти, објави на својот профил на Фејсбук дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.

-Конечно имаме причина да се радуваме на оваа долгоочекувана и посакувана добра вест. Честитки за сите дебрани и со среќа. На пример, улицата 22 декември сега ќе го носи името Јосиф Багери итн., напиша Дука, објавувајќи и примерок од известувањето.

Советот на Општина Дебар, Предлог-список за нови имиња на улиците, плоштадите, населбите и мостовите ја усвои на 29 април годинава, со запазување и на принципот на гласање според Бадентер.

Во списокот повеќе ги нема имињата на улиците поврзани со поранешна Југославија (ЈНА, 22 декември, Едвард Кардељ…), но и на првоборци и учесници во НОВ (Видое Смилевски-Бато, дебраните Здравко Чочковски, Таса Мартиновска…). Остануваат досегашните имиња на улиците Илинден, Гоце Делчев, Никола Карев, на дебарските народни херои Ибе Паликуќа и Лиман Каба, како и првоборци Павле Џиковски и Зија Мерсоски.

Слични содржини