304
Општина Карпош упати апел до сите граѓани, да не користат петарди и пиротехнички средства,за претстојните празници.
-Звукот од петардата нема да ни донесе посреќна 2021 година. Но, ќе ги вознемири домашните и улични животни, а се опасност за здравјето и околината.Контактиравме со ПС Карпош и деновиве ќе имаат почести патроли во населбите од каде што имаме повеќе пријави. Секој кој употребува пиротехнички средства може да го пријавите на 192, а казните се од 200 до 500 евра.Да празнуваме безбедно. Без петарди и групирања, апелираат од општината.