Општина Центар донира 400.000 денари помош на настраданите од земјотресот во Петриња

од Берта Китинска
317 прегледи

Општина Центар му додели еднократна парична помош во висина од 400.000 денари на градот Петриња, Р. Хрватска.

-Најавите се остварија – на денешната седница Советот на Општина Центар додели еднократна парична помош во висина од 400.000 денари на градот Петриња, Р. Хрватска!Овие средства ги донираме во знак на помош и поддршка на нашите пријатели од Петриња по разорниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтеровата скала, во кој на 29-ти декември минатата година загинаа 7 лица, многумина ги загубија своите домови, а целиот град беше претворен во рушевина.Со овој чин на дело ја покажуваме нашата солидарност кон соседите во овие тешки времиња, а средствата во најбрз можен рок ќе им бидат на располагање на граѓаните на Петриња, информираше градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Слични содржини