Општина Центар ги опомена „Гнездо“ и „Интермецо“ поради прегласна музика

од Nikola Popovski
584 прегледи

Уште два угостителски објекти во Општина Центар добија Решенија за преземање на мерки за намалување на гласноста, објави градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ.

Според него, општинските инспектори за животна средина, по извршените контроли изминатите денови, ги опоменале кафе баровите Гнездо и Интермецо за надминување на максимално дозволеното ниво на гласност во ноќен период, по 23:00 часот.

-Повторно ги повикувам управителите и сопствениците на локалите во општината, да се придржуваат до постоечките правилници за дозволено ниво на бучава и да бидат обзирни кон жителите на општината, во спротивно инспекторите ќе им изречат поригорозни мерки и санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина, потенцира Богдановиќ.

Изминатата седмица општинските инспектори издадоа две Решенија за преземање на мерки за намалување на бучавата на два угостителски објекти, „Мош“ и „Макка“, а засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови, во сите делови од општината.

Слични содржини