Општина Центар го отплати кредитот подигнат за изградба на катната гаража „Судска Палата“

од Nikola Popovski
438 прегледи

Ја отплативме и последната рата од кредитот подигнат за изградба на катна гаража „Судска Палата“, информира денес градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Според него, отплатен е кредитот во висина од 2.535.000 евра, кој во 2011-та година, Општина Центар го подигнала за изградба на катната гаража, со рок на отплата од 10 години.

-Од моето стапување на позицијата градоначалник, до сега, наплатени се над 4.000.000 евра по разни основи, судски пресуди и активирани банкарски гаранции, сметката е полна и со особено задоволство можам да кажам дека Општина Центар никогаш досега не била во подобра финансиска кондиција, објави Богдановиќ.

Слични содржини