Општина Центар и здружението „Хуманост“ формираат мобилен тим за помош на стари лица

од Ивана Рамаданова
166 прегледи

Општина Центар во соработка со Здружението за поддршка и развој „Хуманост” формира мобилен тим со цел поголема колективна безбедност и превенција од вирусот Ковид-19.

„Поради новонастаната ситуација, а со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години на територијата на Општина Центар, кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонскиот број 077 963 672“, соопштија од Општина Центар.

Нашиот мобилен тим, додаваат, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост наложени од Владата, ќе дојде до нивниот дом, ќе им ја пружи потребната помош и поддршка, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и/или потребни лекови.

Слични содржини