Од општина Центар соопштија дека ќе нема барокна сендвичарница меѓу Дом на АРМ и Собрание.
„Урбаниот хаос во централното градско подрачје, креиран од претходната власт го надополнуваа и „барокни сендвичари“, во бордо боја, со златни детали и столбови во барок кои не соодветствуваат на просторот и не ги исполнуваат хигиенските и здравствените норми и процедури.
Во декември 2018-та година, Општина Центар од Министерството за транспорт и врски во нејзина надлежност презема предмети кои се однесуваат на договори за отуѓување на државно градежно зедмјиште со јавно наддавање.
Еден од тие предмети се однесува и на таканаречените „барокни сендвичари“, односно киосци, кои веќе се или би биле поставени во централното градско подрачје.Дел од сендвичарите биле изградени и предвидени да се изградат на несоодветни локации, како на пример непосредно пред Собранието на РСМ.Со цел воведување на ред во урбаниот хаос, Општина Центар презема соодветни мерки за да ги санира настанатите последици.Така, на еден од тие предмети, кој се однесува на изградба на барокна сендвичара на сервисната улица, која се наоѓа помеѓу Домот на АРМ и Собранието, општината пристапи кон раскинување на договорот со купувачот на земјиштето, велат од општина Центар.
оттаму додаваат дека на 6.8.2020 година, беше активирана банкарската гаранција на купувачот на земјиштето, а со тоа и формално е започната процедурата за раскинување на договорот на тоа градежно земјиште, кое било вцртано и отуѓено на несоодветен начин и на несоодветна локација.
Општина Центар ја известува јавноста дека како за овој, така и за сите други вакви исти или слични случаи, ќе реагира соодветно, користејќи ги сите правни средства и мерки во инетерес на граѓаните.