Општина Центар:Со мислењето од Транспорт и врски, општината нема основи за суспензија на ДУП-овите

од Берта Китинска
387 прегледи

По добивањето на мислењето од Министерството за транспорт и врски за поднесените елаборати за суспензија на плановите, истото беше разгледано од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ и службите на Општина Центар.

Постапувајќи по Заклучок на Советот на Општина Центар, општината до Министерството за транспорт и врски достави вкупно 11 елаборати за 22 плански опфати, изработени од општинската Комисија за урбанизам. Комисијата за урбанизам на Општина Центар е истатата комисија која со свои предлози и досега учествуваше во минатите активности поврзани со суспензијата на ДУП-овите во Општина Центар.

Според мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски, поднесените елаборати не се во согласност со членот 23, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, кој го цитира како единствен правен основ за суспензија на план.

Општинската комисија за урбанизам ги изготвуваше елаборатите врз основ на членот 35 од Законот за урбанистичко планирање, кој ја обработува неусогласеноста на урбанистичките планови и каде се наброени причините по кои може да се суспендира план, што Министерството го отфрли како неоснован.

Во елаборатите кои Општина Центар ги достави до Министерството за транспорт и врски наведени се несовпаѓањата на параметрите на ДУП-овите со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022. Во мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски се наведува дека параметрите кои се во линиските центри со намена А,Б и В се неограничени и не влегуваат во билансите, со што тој аргумент ни беше побиен.

Во однос на неусогласувањето на регулационите линии на ГУП со ДУП, во Мислењето стои дека со тоа не се прави штета на јавниот интерес и дека во елаборатите никаде не е утврдена штета на јавниот интерес, со што Општина Центар нема основ за суспензија на плановите.

Од Министерството за транспорт и врски на денешниот брифинг со новинари денеска соопштија дека Општина Центар не доставила правилни елаборати за суспензија на деталните урбанистички планови кои се доставени до Министерството и не докажала дека тие имаат штета по јавниот интерес.

Од Комисијата која ги разгледувала елаборатите истакнале дека елаборатите биле правени по погрешен член од Законот за урбанистичко планирање.

„Наместо да побараат суспензија само на делови од планот каде има одредени прекршувања, тие бараат да се суспензира цел план. Посочувајќи неправилности во една четврт бараат укинување на цел план. Во ниту еден елаборат не е докажана штета за јавен интерес“ , изјавиле од Комисијата.

Слични содржини