305
Сите општини во државата ќе добијат 6 отсто од персоналниот данок и од данокот на додадена вредност (ДДВ).
-Приходите од персонален данок на доход постепено се зголемуваат од 3 отсто на 6 отсто до 2024 година. Приходите од данокот на додадена вредност ќе се обезбедат во висина од 6 отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година започнувајќи од 2024 година, рече Зоран Заев на заедничка прес-конференција со министерот за финасии Фатмир Бесими.