ОПТИМИСТИЧКИ ПРОГНОЗИ ЗА 2022: Колективен имунитет по сојот омикрон?

од Nikola Popovski
262 прегледи

ТЕКОВНАТА ситуација со пандемијата, која добива вртоглави статистики во Франција, може да има светла страна.

Имено, фактот што дневно се заразуваат над двесте илјади луѓе, како и екстремно високото ниво на вакцинација, од над 91 отсто на возраст над 12 години, може да доведе до толку очекуваниот колективен имунитет, веќе во 2022 година.

– Оптимистичкото сценарио е да се стекне двоен имунитет, вакцинален и природен, веројатно многу брзо по сојот омикрон. Затоа, би можеле да се надеваме дека 2022 година ќе го донесе колективниот имунитет по кој толку многу копнеевме во 2020 година и за кој знаевме дека е толку тешко да се постигне, ги пренесоа француските медиуми зборовите на инфектологот Банжамин Давидоа.

Имајќи предвид дека меѓу 80 и 90 проценти од вкупното население се потребни за колективен имунитет, тоа би значело дека сите сто проценти од возрасните треба да бидат вакцинирани, што е практично невозможно. Значителен број на заразени луѓе кои стекнуваат природен имунитет би можеле на тој начин да ја пополнат статистичката празнина создадена од антиваксерите.

Слични содржини