Неверојатна кавга избила со воз во Берлин откако патниците замолиле една двојка да престане со оралниот секс на сред воз.
Непозната 36-годишна жена сексуално задоволувала 38-годишен партнер во берлински воз, и тоа пред останатите патници, каде имало и деца.
На нивното однесување реагирала една 18-годишна девојка, која ги замолила да престанат, на што 36-годишната ја нападнала и ја удрила со рака по лице.
Во нејзина одбрана застанал нејзин 19-годишен другар, кого пак разулавената жена го удрила во главата.. Другите патници скокнале на помош и ја повлекле раката за итно сопирање на возот, по што двојката побегнала. Полицијата ја фатила жената, а нејзиниот партнер сам се пријавил.
Двајцата одбиле алкотест, по што присилно им е земена крв за анализа па се пуштени на слобода.