Орбан ја откри фаталната грешка на Западот во однос на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Земјите од Западот направија грешка и ја потценија способноста на Русија да се прилагоди на санкциите, што го покажа уште кога беа воведени првите ограничувања во 2015 година, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Добро се сеќавам дека во 2015 година извезовме многу храна во Русија… За три години Русија толку многу ги разви земјоделството и прехранбената индустрија што ако Унгарија денес сакаше да извезува стока таму, тоа или воопшто немаше да се случи или со многу мака во однос на времето пред санкциите“, изјави Орбан во интервју за радио „Кошут“.

Потценувањето на една земја, и тоа толку голема, и нејзината способност за прилагодување е фатална грешка, посочи тој.

„Гледам дека Русија се прилагодува на ситуацијата на воведени санкции“, заклучи Орбан.

Слични содржини