Орбан: Европската политика се соочува со сериозни предизвици

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека во последно време во светот има турбулентни настани и додаде дека европската политика се соочува со сериозни предизвици.

„Одговорите на Европа на тие предизвици силно ќе влијаат на нејзините односи со туркофонските земји“, рече Орбан на Самитот на турскојазичните земји во Астана, пренесува МТИ.

Тој изјави дека светската безбедност, од гледна точка на Европа, моментално е во најлоша состојба од крајот на Студената војна.

„Ситуацијата никогаш не била толку тешка и комплицирана во изминатите 30 години како што е сега“, рече Орбан, потсетувајќи дека војната беснее во Украина повеќе од 18 месеци, дека на Блискиот исток избувна вооружен конфликт, како и дека расте заканата од тероризам во Европската Унија.

Унгарскиот премиер посочи дека поскапувањето на енергенсите штети и на конкурентноста на Европската унија.

Слични содржини