Орбан ги повика Бугарија и Македонија да подигнат ограда долж границата со Грција

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Европските земји треба по секоја цена да ги бранат надворешните граници, смета Орбан.

орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика Бугарија и Македонија да подигнат ограда долж границата со Грција, за да престане приливот на мигранти. Тоа го изјави тој за време на посетата на Словенија. Според него, европските земји треба по секоја цена да ги бранат надворешните граници, за да се зачува слободата на движење во рамките на ЕУ. “Ако не можеме да ги заштитиме надворешната граница, без оглед на тоа колку ќе чини како пари и напори, ние ќе ја уништиме сами Шенген зоната”, изјави унгарскиот премиер. Според Виктор Орбан одлуката на Австрија да воведе ограничувања при земањето на бегалци е победа на разумот. “догматскиот пристап капитулира пред здравиот разум и реалноста.” рече уште тој утрово пред унгарското радио . Според него Европа не може да прифати огромен број бегалци без проверки и без ограничувања. “Какви и правци да  се корист атза да стигнат до Европа, мигрантите нема да минуваат низ територијата на Унгарија “, истакна уште Орбан. Тој најави дека веќе почнаа подготвителните работи за кревање на ограда по унгарско-романската граница. Премиерот повторно се огласи против” брикселизацијата “, имајќи предвид дека не се овозможува на земјите сами да донесуваат одлуки за проблемот. Наместо тоа се зборува за европска заедничка одлука, но до овој момент ништо не е направено за ова прашање. Претходно оваа недела Виена ја објави својата одлука да го  стави крајот  за мигрантите   да не идат во земјата . Во оваа година нивниот број не смее што  надминува 37 500 лица, туку  е помалку од половина од бројот бегалци, кои поднеле барање за азил во земјата минатата година – 90 000 луѓе. / ТАСС