Орбан ќе се сретне со Трамп на Флорида

Се надеваме дека актуелниот претседател ќе си замине и дека претседателот Трамп ќе се врати и ќе има одврзани раце да обезбеди мир во Украина,“ изјави Орбан во февруари.

од Бети Божиноска

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт од 2010 година, ќе се сретне со поранешниот американски претседател Доналд Трамп на 8 март на Флорида, информираа од кабинетот на Орбан во неделата, пренесува „Еурактив“.

Орман минатиот месец изрази поддршка за обидот на Трамп да стане претседателски кандидат на републиканците во трката годинава.

„Се надеваме дека актуелниот претседател ќе си замине и дека претседателот Трамп ќе се врати и ќе има одврзани раце да обезбеди мир во Украина,“ изјави Орбан на 23 февруари.

Трамп и Орбан се среќаваа континурано на билатерални и на мултилатерални средби, што не го спречи поранешниот американски претседател да ги помеша унгарскиот премиер и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во говор во октомври минатата година, Трамп го поздрави Орбан како „големиот лидер на Турција“.

„Има еден човек, Виктор Орбан, сте слушнале ли за него? Тој е веројатно еден од најсилните лидери на светот. Тој е лидер на Турција,“ рече Трамп во своето обраќање.

Орбан континуирано се соочуваше со тензии со администрацијара на претседателот Џо Бајден, главно околу лежерноста на Будимпешта да го ратификува членството на Шведска во НАТО.

Тој исто така одби да испрати оружје во Украина за да помогне во одвраќањето на руската инвазија и естоко ги критикуваше западните санкции против Русија, а континуирано бара и прекин на огнот во Украина за да ѝ се стави крај на војната.

Според Орбан, американските претседателски избори годинава и изборите во ЕП во јуни ќе бидат клуни зашто конзервативците во Европа и во САД мора заедно повторно да ги пресемат институциите во Вашингтон и во Брисел од либералите кои, како што тврди унгарскиот премиер, претставуваат закана за западната цивилизиација.

Слични содржини