Орбан: Мирот во Украина во моментов е невозможен поради различните цели на Трамп и Бајден

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Мирот во Украина не може да се воспостави поради политичката ситуација во САД и различните цели на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и администрацијата на Џо Бајден во заминување, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Живееме во парадоксална ситуација кога станува збор за конфликтот меѓу Русија и Украина. Никогаш не сме биле поблиску до мирот, но во исто време ситуацијата никогаш не била поопасна. Причината за ова е што во Америка моментално има двајца претседатели, сегашниот и новоизбраниот“, изјави тој на мрежата Икс.

Орбан истакна дека инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари ќе ја олесни ситуацијата, а републиканецот „ќе донесе мир“.

Слични содржини