Орбан: Мораме да спречиме Европа да влезе во војна со Русија

од Vladimir Zorba
768 прегледи

Унгарија сака да ја спречи Европа да влезе во војна со Русија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан на митингот „Марш на мирот“ во Будимпешта и порача дека Унгарците нема да гинат за други.

„Имаме огромна задача пред нас, каква што никогаш не сме имале. Мораме да ја спречиме Европа да влезе во војна што ќе доведе до нејзино уништување“, рече Орбан на митингот „Марш на мирот“ во Будимпешта за поддршка на политиката на унгарската влада против ширењето на конфликтот во Украина.

Тој оцени дека денес Европа се подготвува за војна, дека секој ден во Украина се слеваат стотици милијарди евра, а нуклеарно оружје се става среде Европа.

Слични содржини