Орбан: Можна „ера на рецесија“ во Европа

од Nikola Popovski

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека има изгледи за доаѓање на „ера на рецесија“ во Европа, бидејќи континентот се бори со растот на цените на енергијата и високата инфлација поради војната во Украина.

Обраќајќи се во парламентот, каде што положи заклетва како премиер во корист на победата на изборите во април, Орбан рече дека Будимпешта нема да ги блокира санкциите на ЕУ воведени кон Русија поради нападот врз Украина се додека тие не претставуваат ризик за енергетската безбедност на Унгарија.

Унгарскиот премиер изјави и дека владата ќе работи на сузбивање на инфлацијата во земјата, а притоа ќе преземе внимателни чекори во однос на регулирањето на цените.

Тој додаде дека владата ќе ги координира своите чекори со централната банка.

Слични содржини