Орбан му порача на Брисел: Ако продолжите да не прогонувате, ќе испратиме автобуси со мигранти на вашиот главен плоштад

од Vladimir Zorba
909 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Х објави дел од гостувањето во една радио емисија во која директно му кажа на Брисел што ќе направи Унгарија доколку продолжат да ги „гонат“. Имено, Орбан рече дека бирократите во Брисел „не ја разбираат пораката“, и рече дека Унгарија ќе испрати автобуси полни со мигранти на централниот плоштад во Брисел, доколку „не ги остават на мира“.

Да потсетиме, ЕУ покрена специјална процедура со цел да наплати казна од 200 милиони евра од Унгарија, која Орбан ја одби.

„Унгарската политика ја има оваа карактеристика што е невообичаена во Брисел и не е вообичаена појава во Европа – тоа е дека го кажуваме она што навистина го мислиме и на крајот го правиме тоа“, рече тој и му рече на градоначалникот на Брисел „да се подготви”:

„Затоа што ако продолжат да не прогонуваат со разни казни од Брисел, ние ќе правиме што сакаат и со автобуси ќе ги транспортираме мигрантите до нивниот главен плоштад. На сосема легален и несомнен начин. Како што го наместија креветот, тие ќе легнат во него“, рече Орбан.

Казната изречена од ЕУ за Унгарија треба целосно да и се плати на Европската комисија.

Сепак, првиот рок на крајот на август помина, а потоа беше испратено уште едно предупредување. И тој рок истече на 17 септември, а бидејќи Унгарија не ги послуша наредбите, Комисијата покрена посебна постапка со која ќе бидат земени 200 милиони евра од европскиот буџет.

Дополнително, Унгарија мора да плати казна од еден милион евра за секој ден на непочитување на судските одлуки се додека се во сила ограничувањата на правата за азил.

Унгарија се уште не објаснува зошто не одговорила на одлуките на европските институции. Премиерот Орбан еднаш рече дека, всушност, Унгарија треба да добие две милијарди евра од ЕУ бидејќи ги бранеше европските граници во 2015 година.

Слични содржини