Орбан: Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во војна, нема да даваме пари на Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека нема да дозволи Унгарија да биде вовлечена во војна и нема да дава пари на Украина, нагласувајќи дека ќе ги заштити интересите на унгарските семејства

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека нема да дозволи Унгарија да биде вовлечена во војна и нема да дава пари на Украина, нагласувајќи дека ќе ги заштити интересите на унгарските семејства.

„Заради нашите деца и внуци, мора да кажеме „не“ на заканите од Брисел и партијата Тиса, која е во договор со нив. Мора да кажеме „да“ на изборот на Фидес-КДНП“, рече Орбан додека се појавуваше на почетокот на денот на изборите во специјално издание на емисијата „Час на правдата“, пренесe „Маѓар Немзет“.

Тој рече дека со победата на Тиса, Унгарија ќе изгуби многу и ќе биде вовлечена во војна.