Орбан: Нема да пуштиме ниту еден мигрант, ЕУ е парализирана, имаме право на самодобрана

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Терористите користеа масовната миграција во последниве месеци, за да дојдат до Европската унија. Европејците имаат право на самоодбрана. Тоа, го рече унгарскиот премиер Виктор Орбан по повод терористичките напади во Париз.

орбан

“По еден брутален и организиран начин терористите ја употребија масовната миграција, вметнувајќи се во толпата на трчањето по  подобар живот”, рече пред парламентот во Будимпешта Орбан. Премиерот  го потенцира  “правото на Европејците на самоодбрана, како најголемо право”. “Ние не велиме дека секој мигрант е терорист, но никој не може да каже колку терористи веќе се дојдени и колку пристигнуваат секој ден”, рече уште Орбан.

Потсетува дека властите во Будимпешта  ја затворија границите со Србија и Хрватска, за да престанат масовната нелегална миграција во Унгарија. “Вели ни дека не било хумано. Но, јас прашувам што е повеќе човечко? Да ја затвориме границата за илегалните или да го поставиме во опасност животот на Европејците? Правото на самоодбрана е над сите. Посилни од која и да е идеологија и економски аргумент “, рече уште Орбан.

ограда

“Додека оваа влада дише нема да прифатиме распределба на квоти, нема да прифатиме ниту еден мигрант”, рече тој. Нападите во Париз, во кои загинаа 129 лица предизвикаа нови тензии во ЕУ за политиката спрема мигрантите, откако до трупот  на едно од камиказите  беше отворен сириски пасош регистриран како бегалец.. Орбан смета дека “Европската унија треба да заборави  на политичката коректност и да се врати на здравиот разум за заштита на надворешните граници, културните и економските интереси”. Тој се изјасни и за гарантирање на правото на граѓаните да влијаат врз одлуките на ЕУ.

ЕУ е слаба, нерешителен и парализирана во оваа миграција криза, смета унгарскиот лидер. Според него, дури и еден примен терорист е премногу. /  АФП, БГНЕС,БЕТА