Орбан: Ние Унгарците повеќе нема да ѝ даваме пари на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Унгарија не се согласува со плановите на Европската комисија да ѝ додели дополнителни финансиски средства на Украина и не е подготвена да обезбеди дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ, изјави денеска премиерот Виктор Орбан, а пренесува „Гардијан“.

„Едно е јасно, ние Унгарците повеќе нема да ѝ даваме пари на Украина додека таа не објасни каде отидоа претходните 70 милијарди евра“, рече Орбан.

Слични содржини