Унгарскиот премиер платил цела страница оглас во денешниот „Билд“, каде ги презентирал своите предлози како да се зајакне Европската унија. На последната точка од предлозите на Орбан е Србија, за која унгарскиот премиер вели дека мора да стане дел од ЕУ.
Орбан издвоил голема сума пари за реклама во познатиот германски весник и ја искористи таа можност да и каже на цела Европа и на нејзините водачи што е потребно за напредок.
Во првиот предлог, Орбан тврди дека Брисел тајно гради „супер држава“, што не е овластено од сите членки на ЕУ. „Ние велиме „не“ на европска империја“, посочува унгарскиот премиер.
Кога станува збор за интеграција, тоа е само средство, а не цел, смета Орбан. „Зголемувањето на единството меѓу народите во Европа „мора да се избрише од основните договори на Европската унија“.
Одлуките во заедницата мора да бидат донесени од избрани водечки политичари, а не од невладини организации, напиша унгарскиот премиер, кој во моментов е во вербален конфликт со повеќето европски лидери, но и Џозеф Бајден во врска со речиси непостоечките унгарски закони за слободата на медиумите и ЛГБТИК законите.
„Ние велиме „НЕ“ за напуштање на правната држава“, пишува Орбан.
Силните европски интеграции заедно даваат економски успеси, оцени тој. Според него, доколку членовите на унијата заедно не можат да бидат успешни, и секој да заработува повеќе за себе, тоа ќе го означи крајот на ЕУ.
Орбан предупреди на опасностите што му се закануваат на целиот свет во наредниот период.
„Масовните миграции и пандемии се закануваат – ние мора да го заштитиме европскиот народ“, истакна унгарскиот премиер.
Она што е исклучително важно е европската демократија. Според мислењето на Орбан, Европскиот парламент „се покажа како ќорсокак“. Тој ги претставува исклучиво неговите идеолошки и институционални интереси, а улогата на националните парламенти мора да биде поголема, вели човекот кого „Репортери без граници“ денес го вклучи во списокот на „предатори“.
На крајот, Орбан кратко вели: „Србија мора да биде примена во Европската унија како членка!“
Märchenstunde mit Viktor Orban – heute ganzseitig in einer dt. Tageszeitung:
▶️Brüssel = Imperium
▶️NGOs ziehen die Fäden
▶️Europaparlament als SackgasseWer so schreibt, der leitet sein Weltbild aus gefährlichen Verschwörungen ab! pic.twitter.com/egk5FwhZly
— Daniel Freund (@daniel_freund) July 5, 2021
Пред денешното соопштение во „Билд“, Виктор Орбан сакаше да ја објави својата визија за иднината на Европската унија во скоро сите поголеми светски медиуми. Бројни весници ширум Европа објавија оглас, преведен на локални јазици, во кој унгарската влада се најде на удар на новиот закон што многу европски лидери го осудуваат како напад врз правата на ЛГБТ заедницата.