Орбан: Подготвен сум да го „исфрлам од колосек“ самитот на Европскиот совет

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го засили своето противење на пристапот на Украина во ЕУ и потврди дека е подготвен да го „исфрли од колосек“ самитот на Европскиот совет.

На тој самит, лидерите сакаат да ѝ дадат зелено светло на Украина за почеток на преговорите.

Орбан на мрежата Х напиша дека предлогот на Европската комисија за пристапување на Украина во ЕУ е неоснован и слабо подготвен.

„За тоа нема место на агендата на декемврискиот состанок на Европскиот совет“, рече Орбан.

Орбан тврдеше дека „членството на Украина не се совпаѓа со унгарските национални интереси денес“.

Во исто време, тој ја обвини претседателката на Европската комисија, Урусла фон дер Лејен, дека сака да го поттикне пристапот на Украина „без да ги процени последиците од пристапувањето за европските даночни обврзници и земјоделци“.

„Политико“ пишува дека неговата изјава предизвика шок во Брисел, каде до минатата недела високи претставници и дипломати тврдеа дека заканата на Орбан не е голема грижа за самитот.

Тие функционери и дипломати во интервјуа за бриселскиот портал тврдеа дека противењето на Орбан за членството на Украина во ЕУ е само политички театар кој има за цел да ја принуди Унијата да ги одмрзне парите за Унгарија блокирани поради корупција и стравувања од владеење на правото.

Официјалните лица сега признаваат дека, со новата ескалација, веројатно нема да се види Орбан да попушти.

Слични содржини