ОРБАН ПРИМИ ТРЕТА ДОЗА: Познато е за која вакцина се одлучи унгарскиот премиер

од Vladimir Zorba

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан ја прими третата доза од вакцината против коронавирусот, изјави шефот на неговата прес -служба, Берталан Хаваси.

Орбан ја прими вакцината Модерна како трета доза, изјави Хаваси за МТИ.

Унгарскиот премиер, исто така, објави видео на својата Фејсбук страница, на кое се гледа како ја примил вакцината.

На видеото, се слуша како Орбан го прашува докторот кој му ја дал вакцината дали може да предизвика несакани ефекти во текот на денот, бидејќи има билети за театар.

Лекарот му рекол дека многумина ќе бидат уморни и ќе почувствуваат болки во мускулите по вакцинацијата, но дека е безбедно да оди во театар.

Слични содржини