Орбан: Резултатот е болен – по 16 години на власт одам во опозиција

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го призна поразот на парламентарните избори вечерва, додавајќи дека тие биле „јасни и болни“.

од Vladimir Zorba
19 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/DWS News

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го призна поразот на парламентарните избори вечерва, додавајќи дека тие биле „јасни и болни“.

Обраќајќи им се на своите поддржувачи, Орбан ја честиташе победата на Тиса и рече дека по 16 години на власт оди во опозиција.

Претходно, лидерот на опозициската партија, Петер Маѓар, објави на Фејсбук дека Орбан му се јавил за да го признае поразот и да му ја честита победата на изборите.

„Резултатот е болен. Им честитам на сите партии. Повеќе од 2,5 милиони луѓе гласаа за нас. Им се заблагодарувам на гласачите во странство. Сè уште не ја знаеме основната причина за овој резултат, но ќе продолжиме во опозиција. Товарот на владеењето повеќе нема да биде на наши рамена“, рече Орбан.

Според најновите податоци од Националната изборна канцеларија, проекциите засновани на 60,24 проценти од преброените гласови ѝ даваат на Тиша 136 од 199 места во унгарскиот парламент, а на Фидес на Орбан 56 места. Според овие проекции, третопласираниот Хазанк ќе има седум места.