Орбан: Светот е побезбедно место денес по самитот Трамп-Путин

„Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други“, напиша Орбан на Фејсбук

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Светот е побезбедно место по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други“, напиша Орбан на Фејсбук.

Тој додаде дека оваа практика сега е завршена.