Орбан: Треба да ја запреме советизацијата на Европа

од Vladimir Zorba
98 прегледи

“Ние сакаме да се зачуваме како европска нација, а не само како една националност во рамките на Европа”, рече уште унгарскиот премиерorbann

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика за спасување на Европа преку националните држави и христијанските традиции. Унгарија сака да престане “совјетизацијата на Европа” и да се заштитат границите од масовната миграција, рече Виктор Орбан за време на прославите посветени на годишнината од антикомунистичката немири во земјата од 1956 година. “Ние сакаме да се зачуваме како европска нација, а не само како една националност во рамките на Европа”, рече уште унгарскиот премиер. Според него, “не може да има слободна Европа без национални држави и милениуми христијанска мудрост”. “Луѓето кои ја  сакаат слободата се обврзани да го спасат Брисел од советизацијата му, како и од луѓе кои сакаат да ни кажат со кого да живееме во татковината”, истакна Орбан, чиј говор беше прекинуван неколку пати од извици на опозициски демонстранти