242
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија нема да дозволи влез на мигранти во земјата за било каква сума пари и, како што наведе, да им ја одземат на Унгарците.
Орбан изјави за унгарското државно радио дека Унгарија нема да дозволи да се развијат околности како оние во западните земји-членки на ЕУ, наведувајќи ја „заканата од терор, криминал и паралелни општества“.
Орбан истакна и дека Унгарија нема да дозволи ЛГБТК заедницата да ги воспитува децата преку училиште бидејќи, како што наведе, тоа е работа за семејството и родителите.