Орбан жестоко се противи на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан останува жестоко против преговорите со Украина за пристапување во Европската унија (ЕУ), тврдејќи дека земјата е зафатена од корупција и претставува закана за европското земјоделство, пренесе „Бета“.

„Украина е позната како една од најкорумпираните земји во светот. Не можеме да донесеме одлука за почеток на процесот на пристапни преговори (со таа земја)“, рече Орбан во Париз во интервју за неделникот „Ле Поен“ пред европскиот Состанок на Советот на кој ќе се разгледува тоа прашање.

На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, Орбан рече дека наместо пристапни преговори, ЕУ треба да влезе во стратешко партнерство со Украина.

Унгарскиот премиер, кој е во прва посета на Париз од 2015 година, рече дека пристапните преговори со Украина ќе бидат економски товар и за Франција.

„Секоја година ќе треба да плаќате повеќе од 3,5 милијарди евра дополнителни средства во заедничкиот буџет на Унијата“, навел Орбан.

Орбан, кој се сретна со Макрон во четвртокот вечерта, остана на ставот дека Унгарците се против отворањето на пристапните преговори со Украина.

Сепак, унгарскиот премиер призна дека на Украина ѝ е тешко бидејќи „страда од руската инвазија“ и додаде дека „легитимно е Европскиот совет да испрати добар сигнал до Украина на претстојниот состанок“, а тоа треба да биде стратешко партнерство.

Слични содржини