Ордановски: Трамп е идеолошки вљубен во Путин и ја гази Европа која му е идеолошки противник

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Трамп е идеолошки вљубен во Путин. Теоријата на Путин која ја објаснуваше е суеверена демократија – теорија според која државата пред се, водителот на државата пред се, па се друго. Нема права. Тоа е добро познат модел и проучен од Американците и се работи за едно комплетно партизирање на институции, упад во судство, притисоци врз медиуми, ништење на Парламентот односно Конгресот. Практично претседателот на САД станува со кралски овластувања. Сега нам тој модел ни е познат бидејќи со него бевме соочени пред десетина година. Тој модел сега се случува во САД. Во него се знае дека Европа му пречи на Трамп бидејќи Европа е еден од главните глобални промотори на либералната демократија, рече новинарот Сашо Ордановски за моменталната ситуација во светот.

Според него, САД се длабоко поделено општество и американскиот претседател Доналд Трамп немаше импресивна победа против Демократите.

-Имате низа од овие неконвенционални ликови околу него како што е Елон Маск кој практично функционира како потпретседател, а Џеј Ди Венс е негов заменик. Поминати се само четири недели. Сакам да кажам дека предупредувам дека треба да причекаме да помине цунамито, со оглед дека се ова што досега го направи нема конкретни големи ефекти – тарифи против Канада, Мексико, Кина и Русија не ги спомнува…Ја гази Европа бидејќи му е главен идеолошки противник. Се стави на страната на крајната десница во Европа, истакна Ордановски во емисијата „Само интервју“, додавајќи дека претседателот на САД користи практика на лажење.

-Овој мандат го почна пофуриозно бидејќи зад него застануваат поискусни кадри од овој тип на идеологии. Тогаш тоа беше една проба, се сменија неколку клучни луѓе…Кога ќе го споите неговиот карактер со системската работа што ја прави, резултатот е катастрофален по демократијата во Америка, истакна Ордановски.

Слични содржини