Досегашниот прв човек на Агенцијата, Роберт Ордановски ја напушти челната позиција и на негово место, како в.д. е именуван Владимир Ристевски кој беше дел од раководството на Агенцијата.

download (24)
Смената доаѓа по завршениот петгодишен мандат на Ордановски во државната институција. В.д. директорот Ристевски вели дека поради истекот на мандатот на Ордановски бил објавен конкурс за избор на нов директор.
Имало кандидати, но не бил направен избор. Причината не се сооштува, но од агенцијата велат дека за неколку дена ќе се објави нов конкурс.

Ордановски заминува од АЕК по пет години директорување. Агенцијата важи за едно од најпрофитабилните регулаторни тела задолжена за пазарот на електронски комуникации. Агенцијата се појави како инвеститор со 17,6 милиони евра за изградба на комуникациска кула на Водно, а се всели и во новата барокна зграда вредна 10 милиони евра.

Слични содржини