Американско истражување докажа дека оревите се корисни за мажите кои сакаат да станат татковци, бидејќи го подобруваат квалитетот на спермата.
Околу 70 грама ореви на ден може да ги зголеми шансите на мажите за создавање на поколение. Експертите открија дека јадките ја намалуваат липидната пероксидација – процес кој ги оштетува клетките на семената течност. Тој ги оштетува мембраните на клетките кои се изградени претежно од полинаситени масни киселини.
Оревите се единствените дрвни ореви, кои се составени главно од овие масни киселини, што значи дека тие се со уникатни способности за пополнување на клетките на семената течност.
Само во 30 грама ореви се содржат 13 грама полинаситени масни киселини, од вкупно 18 грама масти. При една од пет бездетни парови проблемот е само кај мажот. Еден од секои 20 мажи има проблем со плодноста, изразен во мал број сперматозоиди за време на ејакулација.
А еден од 8 претставници на посилниот пол подлежи на третман, а потоа може да создаде генерација по природен пат.