Организаторите на Светскиот економски форум тврдат дека Елон Маск не бил на листата на гости на годишниот собир на бизнисмени и светски лидери во швајцарскиот град Давос, спротивно на она што го тврди сопственикот на „Твитер“, пренесе АП.
Познати личности како шефицата на Европската унија Урсула фон дер Лејен до актерот Идрис Елба се собраа во луксузниот алпски град оваа недела за да разговараат за широк спектар на глобални прашања – од војната во Украина до климатските промени и влијанието на технологијата врз безбедноста.
„Маск не беше таму, иако вели дека бил поканет“, изјави денеска портпаролот на Форумот Јан Зоф, истакнувајќи дека последен пат извршниот директор на „Тесла“ бил поканет „не оваа година и не неодамна – туку во 2015 година“.