Организаторите на извидничкиот камп: Многу делови од игрите се погрешно протолкувани

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО), искрено жали поради настанатата ситуација, што следува по сведоштвата споделени во јавноста околу случувањата на настанот Есенски бакнежи, прегратки 2021г. Последните 2 дена ги посветивме на целосно толкување на реакциите и обвинувањата од страна на загрижен родител, кон активностите и случувањата на нашиот настан организиран 24-26.09.2021г. во околината на с.Градовци, се вели во соопштението на Одредот.

Според нив, есенски бакнежи, прегратки е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование.

-Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно, додаваат од таму.

Тие потенцираат дека нивниот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување.

-Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани.

ПСИО останува отворен за комуникација кон сите страни засегнати во случајот и ги мотивираме сите учесници кои се почуствувале непријатно на настанот или небезбедно од било каква природа да пристапат кон раководството на одредот.

За крај сакаме да упатиме жалење до сите страни кои беа неправедно вклучени, особено наши актуелни и поранешни донатори, а особено до ХЕРА која никогаш немала свој претставник на настаните, ниту пак финансиски го поддржувале овој настан. Информативните брошури се достапни за сите млади во нивните простории, стои во соопштението на Прв Скопски Извиднички Одред.

Обвинителството отвори предмет, а полицијата ги повика организаторите на кампот од каде викендов, според тврдењата на родители на дел од учесниците – шеснесет годишни деца,  биле изложени на скандалозни призори, обуки и барања како дел од наводна сексуална едукација.

Слични содржини