Организаторите не чувствуваат одговорност за насилството

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Два дена по немирите и насилниот упад на демонстрантите во парламентот, ситуацијата е мирна. Сепак голем број на полициски сили продолжуваат да го обезбедуваат објектот на највисокиот законодавен дом. И движењето во овој дел од главниот град е нормализирано.

Богдан Илиевски од иницијативата “За Заедничка Македонија”, потврди дека демонстрантите ќе одмораат за време на викендот и дека со активности ќе ги продолжат од понеделник. Илиевски, меѓу другото, изјави дека не се чувствува одговорен за насилството од страна на демонстрантите, тврдејќи дека немало наредба за такво нешто.

Илиевски уште еднаш го повтори барањето за нови избори, со цел граѓаните да одлучат за т.н “Тиранска платформа”, која според него води кон поделба на Македонија.

Слични содржини