Со цел давање на поддршка на судиите, Здружението ќе оствари мирен собир пред Уставниот Суд, и со почеток во 9.00 часот воедно ќе одржи прес конференција за медиумите кои ќе бидат присутни.
Би сакале повторно да се заблагодариме на досегашната Ваша поддршка, и еве официјално да ве поканиме на нашата прес конференција која ќе ја одржиме пред просториите на Судот во терминот наведен погоре“, се вели во соопштението од „Оштетени штедачи“.