8
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, победи на денешната трка за Големата награда на Белгија во Формула 1. Раководството на Формула 1 претходно го одложи почетокот на трката за еден час и 20 минути поради дождот што врнеше на патеката Спа Франкоршамп.
Пјастри ја освои својата шеста победа во сезоната и осма во кариерата.
Ландо Норис од Мекларен беше втор, и покрај тоа што имаше пол-позиција пред почетокот на трката, додека возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши трет.