Оскаровката донесе одлука: Нејзините деца ќе добијат помалку подароци за празниците, а еве и зошто

од desk2
114 прегледи

Холивудската глумица Сандра Булок смета дека денес родителите претеруваат кога станува збор за подароците кои им ги подаруваат на своите деца за божиќните празници.

Нејзините деца ќе добијат три подароци помалку, бидејќи е свесна дека постојат делови од светот каде луѓето немаат ништо.

“За Божиќ нè фаќа паника бидејќи претеруваме, потоа паничиме бидејќи немаме доволно подароци, а на крајот сите сфаќаат дека сме претерале. Оваа година ставаме крај на тоа. Премногу работи се случуваат ширум светот каде луѓето немаат ништо. Зошто да не направиме нешто за тие луѓе?”, рекла глумицата, која ги има 8 годишниот Луис и 6 годишната ќерка Лејла.

Сандра во 2010 година го посвои синот Луис, а во 2015 година ќерката Лејка кога имаше само 3 години.